СДСМ: Има индиции дека ВМРО-ДПМНЕ со црни пари од странство корумпира медиуми да работат против НАТО и ЕУ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги погледне фактите кои отвораат сомнеж дека партијата на Христијан Мицковски со црни пари од Унгарија корумпира медиуми за да шират лажна пропаганда против државата.

Факт е дека постојат сериозни сомневања објавени во словенечки медиуми дека извршителот на Никола Груевски, Мицкоски, со црни пари финансира партиски мегафони со це да шират антидржавна медиумска кампања – кампања против членството на Република Северна Македонија во НАТО“, велат од СДСМ.

„Факт е дека постои новинарско истражување според коешто сума од два и пол милиони евра завршила во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации.

Факт е дека тоа се истите медиуми коишто режимот на Груевски со години ги финансираше со државни пари за да го одржуваат на власт.
Факт е дека СЈО има отворена истрага под име „Пропаганда“ во којашто осомничените функционери на ВМРО ДПМНЕ користеле народни пари за поткуп на одредени медиуми и за уредување вести.

Факт е дека преку штанцање лажни вести целта е да се брани криминалот на режимот и да се работи против членството во НАТО.
СДСМ уште еднаш ги повикува институциите да постапат по објавените информации за нелегални пари кои завршуваат во овие медиуми. Ние сме правна држава и законите мора да важат за сите подеднакво.

Како одговорна и демократска партија, СДСМ останува посветен на унапредување на слободата наговорот и слободата на медиумите, но,истовремено и на борбата против лажните вести, како и сомнителното финансирање на медиуми“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните