СДСМ: И во време на сериозна здравствена криза ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести и манипулации очајно се обидува да профитира на грбот на граѓаните

Од:

„И во ова време на сериозна здравствена криза, со која се соочува нашата држава и целиот свет, ВМРО-ДПМНЕ не може да го напушти партиското профитерство и се обидува на грбот на граѓаните и нивното здравје да заработи ситни политички поени.

Додека сите институции, здравствени работници, државни службеници, вработени во полицијата и војската, сите се борат против коронавирусот, само ВМРО-ДПМНЕ стои отстрана и тера политикантство и популизам“, велат од СДСМ.

„Деструктивноста, лажните вести што секојдневно се пласираат од белиот дворец се опасни по здравјето на граѓаните.

Лажеа за тестовите за коронавирусот и манипулираа за заштитната опрема на здравствените работници со единствена цел да создадат страв и недоверба кај граѓаните.

Во целиот овој период не понудија ниту една идеја, не дадоа ниту еден предлог за тоа како полесно и побрзо да се надмине здравствената и економската криза.

Единствено што им текна е да ги земат личните пари на граѓаните од вториот пензиски фонд, исто онака како што правеа додека 11 години беа на власт. Но затоа, од партиските пари не се откажуваат по ниту една цена.

Во ова време кога целиот свет се справува со заканите од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ на дело го покажува сето свое лицемерие. Оваа партија не се грижи за иднината на граѓаните и на државата, туку единствено се грижи како да го заштити криминалот и да ги зачува украдените пари. Тоа е истата матрица на бегалецот Никола Груевски.

Таквото несериозно, лицемерно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ го ценат граѓаните, кои многу добро знаат кој работи за заштита на нивното здравје, а кој очајно се обидува да профитира во време на сериозна здравствена состојба“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела