СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се допишуваат за тоа кој е виновен што тешко се справувавме со пожарите

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно се обвнуваат за кризата со пожарите што летово ја зафати Македонија. Според опозициската партија, владата на Мицкоски не е способна да се справи со пожарите, додека ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поради СДСМ која за време на владеењето не набавила ниту едно возило за гасење пожари земјата се наоѓа во ваква ситуација.

– Меѓу граѓаните владее огромно разочарување од политиките на ВМРО-ДПМНЕ во првите недели, а оние кои гласаа за Мицкоски и неговите шарени лаги се во шок. ВМРО-ДПМНЕ има изгубено околу 100.000 гласови од изборите до денес и ова Мицкоски добро го знае, па се обидува да претстави поинаква слика. Денес Македонија е изгорена земја која изгуби 2% од територијата заради неспособноста на Мицкоски да се справи со пожарите. Под раководствона ВМРО-ДПМНЕ државата нема стратешки правец, со зацементирани и изгубени шанси за евроинтеграции, но и без јасна алтеренатива, велат од СДСМ.

Македонија изгоре затоа што СДС ја оставија без опрема за гасење пожари и без луѓе, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС седум години не набави ниту едно возило за гасење на пожар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ затекна целосно девастирани институции. Авионите за гасење на пожар не беа оперативни, немаше пилоти. ВМРО-ДПМНЕ во најкраток можен рок ги оспособи авионите за гасење на пожари, ја зајакна меѓуинституционалната соработка и се справи со пожарите.СДС наместо да се извинат за ограбената држава, тие се радуваат мислејќи дека ќе спечалат политички поени, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски