СДСМ: Хистеричниот Мицкоски секој месец спомнува апокалиптични сценарија

Од:

Не престанува деструктивното, мрачно и неодговорно однесување на Христијан Мицкоски кој сам се прогласи за хистеричен. Три години Мицкоски ги плаши граѓаните со апокалиптични сценарија, сценарија со кои ќе се населуваа мигранти, ќе се редефинирал политичкиот систем, апокалиптични сценарија по економијата, апокалиптични сценарија по здравјето на граѓаните и од сето тоа не се случи ништо – стои во реакцијата на СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски дадена на вечерачниот протест во Куманово.

„Кога не претскажува мрачни апокалиптични сценарија, Мицкоски шири хистерија и лицемерно глуми загриженост за граѓаните и државата. Христијан Мицкоски е единствениот кој посветено работи против интересите на државата, на граѓаните, против јавното здравје, против европската иднина. Исто како што се однесуваше за време на пандемијата со коронавирусот, деструктивно, опасно и неодговорно, така се однесува и денеска во однос на прашањето со Бугарија, во одноа на државните и национални интереси. Никој веќе не верува во таканаречените апокалиптични сценарија на Мицкоски. Апокалиспа му се случува во неговата ВМРО-ДПМНЕ, изолирана и поделена партија во стечај, во долгови и со одамна изгубена доверба од граѓаните“ – велат од владеачката партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он