СДСМ: Губитникот Мицкоски прави сѐ само да не го исполни ветувањето за оставка по поразот на изборите

Од:

Очајот и фрустрациите од третиот последователен пораз кај Христијан Мицкоски не стивнуваат.

Пред само два месеци, на фер, слободни и демократски избори, Мицкоски и нереформираното ВМРО-ДПМНЕ добија јасна порака од граѓаните кои ги поразија нивните деструктивни политики.

Денес, Мицкоски врши упади во други политички партии само за да го прикрие фактот што не го исполни ветувањето дека ќе поднесе оставка ако не победи на изборите и ако не успее да состави влада.

Наместо оставки и реформи, Мицкоски организира лицемерни протести на кои неговите приврзаници со скапи автомобили глумат загриженост за цената на струјата, а се со цел, да ја задржи фотелјата во Белиот дворец.

Најавата за формирање таканаречен опозициски блок е само уште еден во низата блефови на Мицкоски, тој одамна ја нема поддршката од граѓаните, заради неговото незрело, неодговорно и деструктивно однесување.

Граѓаните јасно порачаа дека сакаат да продолжат по патот на напредокот, развојот и интеграциите и дека тоа не можно со ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија и Мицкоски уште догло ќе бидат опозиција, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски