СДСМ: Груевски има изгубено контакт со реалноста, тој смета дека е поважен од Уставот

Од:

„Уставот обезбедува многу јасни решенија за излез од политичката криза.

Ѓорге Иванов мора да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на новата Влада во Р.Македонија.

Никола Груевски има изгубено контакт со реалноста затоа е во заблуда дека тој е поважен од Уставот на Р.Македонија.

Неприфатливо и недозволиво е Груевски да поттикнува поделби во Македонија и да користи насилства само затоа што граѓаните избраа промени, а тој ја загуби власта.

Недозволиво е и од страна на Иванов, само за да го спаси Груевски да одговара за неговото криминално работење, да го крши Уставот и да ја пролонгира политичката криза на штета на граѓаните.

Ако Иванов и Груевски навистина ја сакаат Македонија како што велат, тогаш тие би го почитувале Уставот и ќе се повлечат.

Граѓаните во Македонија не сакаат нови парламентарни избори!

Тие веќе го поддржаа концептот едно општество за сите. Тие сакаат да живеат заедно, без поделби, во правна држава којашто обезбедува квалитетен живот за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ