(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

Од:

Во соседна Србија е запленета огромна количина од 5 тони дрога, која дошла преку Македонија. Меѓу уапсените има и ко-сопственик на македонска фирма. Ова е огромен, криминален, картелски скандал за кој мора да има одговорност, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

https://www.youtube.com/watch?v=H-zwMW

– Клучното прашање на кое власта мора веднаш да одговори е: Како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој дозволил 5 тони дрога да се прошверцува? Без поддршка и заштита од структури во власта, криминал од вакви размери не може да се случи. Ова не е инцидент – ова е систем. Како е можно во држава со Сејф Сити, со камери и скенери на граничните премини да поминат 5 тони дрога?

Или ова е толку добро организирана картелска мрежа поврзана со сѐ и никој ништо не ѝ може? Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога се пренесени преку македонските граници без да бидат откриени? Криминални тендери, дрога од 5 тони, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници вредни 65.000 евра. А нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра за работниците кои едвај врзуваат крај со крај. Како во мафијашки филм. СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и во Србија, но наместо одговори, молк. Дали 5 тони дрога се доволни за Обвинителството конечно да реагира? Ќе покрене ли истрага за овој случај или повторно гласот не допира за скандалите и криминалот на власта, праша Димитријевиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Снег, магла и одрони на патиштата низ Србија: Камионите на „Батровци“ чекаат и до три часа, на возачите им се советува да бидат внимателни

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот