СДСМ: Груевски беше подготвен на се заради фотелјата, но мора да се повлече!

Од:

Разговорите во Брисел завршија без договор за разврска на политичката криза во Македонија по пат на преговори. Не е задоволен условот за суштинското прашање околу отворањето преговори, организирање Влада што нема да ја предводи Никола Груевски, соопшти СДСМ ноќеска, повторувајќи ја изјавата на партискиот лидер Заев од Брисел дека Груевски останува на неприфатливите позиции.

„Неразумно и нелогично е креаторот на политичката криза, Никола Груевски, да остане да раководи со Владата што треба да организира и спроведе предвремени парламентарни избори.

Груевски беше подготвен да даде се и да направи се, само да ја сочува својата фотелја.

Претседателот Заев и делегацијата на СДСМ останаа доследни на принципиелната позиција што е став и на граѓаните на Република Македонија.

Нема пазарење со слободата и демократските вредности што ги заслужуваат граѓаните на Македонија, како и нивните сограѓани од Европа.

Никола Груевски мора да се повлече“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

Захариев: Можно е да недостигаат шприцеви и ракавици поради кризата во Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија