СДСМ: Граѓаните на Струмица на парламентарните избори јасно рекоа НЕ за Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение регира на информацијата која што ја испрати ВМРО-ДПМНЕ, дека сега тие го имаат мнозинството во Советот на Општина Струмица.

„Никола Груевски не може да ја смени волјата на над 612.000 граѓани кои избраа живот наспроти режим.

Меѓу нив се и граѓаните на Струмица кои на предвремените парламентарни избори јасно рекоа НЕ за притисоците, уцените, рекетот, малтретирањата, за што слушна цела јавност преку проектот Вистината за Македонија.

Оттука единствениот поразен е Никола Груевски, кој заминува во политичката историја. Калкулациите за кои не избира ни начин и ни средства не можат да го спасат и тоа го знае и членството на ВМРО-ДПМНЕ што се обидува да го залажува

Демократските промени во Македонија се незапирливи, тога го покажаа парламентарните избори и тоа ќе го потврдат престојните локални избори во Македонија.“

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски