СДСМ: Граѓаните донесоа важна одлука, новата влада ќе ја води СДСМ, после Илинден следуваат постапки во законските рокови

Од:

„На изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе.

Мандатот за составување на следната уште поодговорна и уште поотчетна Влада е кај Зоран Заев, следниот премиер на Република Северна Македонија“, велат од СДСМ.

„Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ.

Законските рокови ќе бидат целосно запазени, државата ќе добие функционални и легитимни институции.

СДСМ им честита на граѓаните за демократскиот капацитет со кој донесоа јасна одлука каква Влада и каква држава сакаат во следните четири години.

Воедно, ја информираме јавноста дека претседателот Заев од утре ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го мине во државата“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел