СДСМ: Граѓаните дишат загаден воздух, а ВМРО-ДПМНЕ го игнорира проблемот

Од:

„Граѓаните на Македонија со недели дишат отров наместо чист воздух, а ВМРО-ДПМНЕ го игнорира овој проблем.

Загадениот воздух предизвикува штетни последици по здравјето на граѓаните.

Мерните станици во континуитет, со денови и недели покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.

Centar

Во Центар загадувањето е 3 пати повисоко од максимум дозволеното количество на ПМ10 честички, во Лисиче 4 пати над дозволеното.

Во Тетово е количеството на ПМ10 честички е 13 пати над дозволеното, а загадувањето во Битола е 11 пати над максимум дозволеното.

Tetovo

Срамно и неодговорно е да се игнорира вака значајна тема директно поврзана со здравјето на граѓаните.

Наместо да го решат проблемот со загадувањето, Груевски и фамилијата изминатите години ги решаваа своите бизнис интереси.

Bitola

Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари.

Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски којшто мислеше само на провизиите од тендерите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра и богатењето на фамилијата.

Rektorat

Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.

Затоа заврши времето на Никола Груевски. И затоа завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС