СДСМ: Големиот интерес за трибината ги вознемири Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Големиот одѕив и интерес на видни и независни интелектуалци и претставници на невладини организации, за интегрирање во граѓанско партнерство со цел враќање на уништената демократија и задушената слобода во Македонија, многу ги вознемири Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Тоа го покажуваат бројните реакции на ВМРО-ДПМНЕ, на секој изговорен збор на дискутантите, што партијата на Груевски нервозно ги испраќа една врз друга, додаваат оттаму.

Токму ова однесување, е доказ колку многу е сериозна ситуацијата во Република Македонија, кога власта не може да поднесе една отворена демократска дебата, на отворена граѓанска трибина.

Ова однесување на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја покажува неопходноста од политичко пријателство помеѓу секој граѓанин во Република Македонија, за повторно освојување на слободата, што е и тема на денешната трибина.

Би можело да ве интересира

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството