А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ го спасува Авировиќ од затвор

by А1он26/12/2018 - 14:4226/12/2018 - 15:01785
Share0

Во Собранието се менуваат членови од Кривичниот законик, со што се отвора патот одговорност да избегнат дел обвинети во предмети на СЈО. Ова се сфаќа како дел од таканаречениот процес на „помирување“ или протнување амнестија за оние кои треба да гласаат за уставните измени.

Добивај вести на вибер

Па така, Василије Авировиќ, обвинет во случајот „Труст“ на СЈО и син на пратеничката Владанка Авировиќ од СПМ која гласаше за уставните измени, ќе може да добие условна казна со денешните предложени законски измени во Кривичниот законик.

Ќе се менува членот 275-в од законот кој се однесува на злоупотреба на постапката за јавен повик и доделување на договор за јавна набавка – минималната казна затвор ќе се намалува од пет на четири години. Ова значи дека ако некое лице е осудено на 4 години затвор, повисокиот суд може да му ја намали казната најмалку за половина односно на 2 години. Условна осуда, пак, може да му се оопредели на лице осудено на најмногу 2 години затвор.

Во јули годинава бизнисменот Сеад Кочан беше осуден на шест години затвор за случајот „Труст“ а Авировиќ на три години. Тие се осудени за злоупотреба на постапка за јавна набавка. И двајцата добија забрана за вршење дејност и да бидат управители или одговорни лица на правно лице во траење од 3 години.

Тие поднесоа жалби на пресудата до Апелацискиот суд, кој сe уште се нема произјаснето по жалбите на осудените.

Со предложените законски измени, ќе се отвори можност Апелацискиот суд да ја ублажи казната за Авировиќ, односно тој ќе може да добие можност за условна казна.

Кочан, Авировиќ и Ватиќ и две фирми беа обвинети за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Според обвинението, обвинетите со фалш документи учестувале и добиле тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Обвинетите на ЕЛЕМ му доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.

„Макфакс“ вчера објави и дека власта подготвува измени во членот 353 од Кривичниот законик кој се однесува на злоупотреба на службената положба според кој се обвинети десетина лица од предмети на СЈО. Овие измени денеска беа ставени на дневен ред, но неофицијално, под притисок на јавноста, тие беа повлечени.

Мери Јордановска

avirovickocansjosobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 07:56

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен