СДСМ: Го штитиме македонскиот идентитет, ВМРО-ДПМНЕ шири лаги за бугаризација

Од:

Со усвоените и јавно објавени Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања како меур од сапуница се распрснаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за менување и бришење на историјата, за историја по бугарски терк велат од СДСМ.

– Препораките во кои нема ништо и спорно и скриено, се усвоени од стручна и независна комисија, без какви било политички влијанија и воопшто не ги допираат идентитетските прашања. Станува збор за две групи препораки – за заедничко чествување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија. Усвоените препораки за учебниците во основното образование се на база на реципроцитет и ќе бидат доставени и до македонската и до бугарската влада. Уште еднаш се покажа дека лагите на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните за наводна асимилација и бугаризација се со единствена цел да се наруши процесот на решавање на отворените прашања. За разлика од антидржавничкото и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, Владата предводена од СДСМ го штити македонскиот идентитет, јазик, историја и посебност и ја реализира стратешката цел за полноправно членство во ЕУ се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците