СДСМ го поднесе Предлог законот за изменување и дополнување на изборниот закон

Од:

Сакаме да ја информираме јавноста дека денес СДСМ заедно со своите коалициони партнери поднесува Предлог закон за изменување и дополнување на изборниот закон.

Дополнително, за регулирање на изборните правила, поднесува и Предлог закон за изменување и дополнување на кривичниот закон.

Земајќи предвид дека власта во измените на изборното законодавство кои се на дневен ред на оваа собраниска седница, реши да ги игнорира забелешките на ОБСЕ и ОДИХР и не прифати ниту еден наш амандман, ние се одлучивме на ваков чекор.

Во нашите предлози се содржани сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР. Потенцираме дека тие препораки се препораки и на Европската Комисија.

Сметаме, дека само на ваков начин, со усвојување на овие закони, ќе се создадат неопходните предуслови за одржување на слободни фер и демократски избори, без разлика дали се локални, парламентарни или претседателски избори.

На митингот во неделата, најголемата опозициска коалиција “Сојуз за иднината“ јасно и недвосмислено побара во март заедно да се одржат и локални и предвремени парламентарни избори.

Уште во моментот кога прв пат ја споменавме оваа можност за заеднички избори, беше јасно дека Груевски и ВМРО ДПМНЕ сакаат да ја избегнат таквата опција.

Ние во нашите барања за предвремени парламентарни избори исклучиво се водиме од расположението на граѓаните кои во се поголемо мнозинство се противат на штетните политики на актуелната власт.

Ако владејачкото мнозинство не ги прифати овие наши законски измени, односно барањата на ОБСЕ, ОДИХР и Европската Комисија, тогаш ќе се потврдат сомневањата дека оваа власт не сака изборно соочување на слободни, фер и демократски избори.

Но една друга работа е сосема јасна.

Промената на власта не зависи од премиерот и владејачката партија, туку од волјата на граѓаните.

Затоа, не сакаме да поверуваме дека власта нема да прифати јасно дефинирање на изборните правила. Тогаш не е прашање дали ние како опозиција ќе учествуваме на такви избори, туку државата тогаш би имала поголем проблем кој ќе бидеме принудени да го решаваме на друг начин.

СДСМ најмалку посакува промена на власта на некаков друг начин, освен на избори!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода