СДСМ: Фактите потврдуваат, за 2.5 години направивме повеќе од ВМРО-ДПМНЕ за 11 години

Од:

„СДСМ за 2.5 години зад себе има долга листа на исполнети ветувања кои носат исклучиво придобивки за државата и граѓаните.

Деструктивните политики, раскараноста со соседите, руинираната економија и осиромашените граѓани се минато со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Фактите потврдуваат дека СДСМ за 2.5 години направи повеќе за државата од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години.

Факт е дека нашата држава е светол пример во регионот со отворени врати за членство во НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Факт е дека економските реформи на СДСМ ја стабилизираа економијата, трошоците интензивно се намалуваат и се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.

Факт е дека невработеноста достигна најниска историска стапка од 17.1 отсто.

Факт е дека без потрошено едно евро имаме странски инвестиции во износ од 741 милион денари за само 2.5 години.

Факт е дека се носат одлуки и закони во корист на граѓаните.

Граѓаните знаат дека на 12ти април ќе бираат меѓу интеграции и развој, наспроти изолации и заробеништво, граѓаните ќе бираат меѓу концептот на СДСМ кој враќа пари кај граѓаните и деструктивната матрица на ВМРО-ДПМНЕ која осиромашува.

Затоа на 12ти април граѓаните ќе испратат силна порака дека се одлучни да продолжиме по прав пат кој носи подобар живот за сите.

Граѓаните знаат дека со СДСМ се на прав пат!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски