СДСМ: ЕЛЕМ го загрози Охридското езеро!

Од:

„Еве доказ којшто покажува дека во денови на најмал доток на вода во Охридското езеро, енергетската компанија АД ЕЛЕМ произвела струја повеќе од планираното токму преку двете хидроелектрани коишто користат вода од езерото!

Документот се однесува на декември 2016 година и од него може да се види дека хидроелектраните Глобочица и Шпилје, коишто користат вода од Охридското езеро, призвеле нaд 16 GWh пoвеќе електричнa енергијa oд тоа што било плaнирaнo!

Очигледно дека компанијата ЕЛЕМ, соочена со потребата од скап милионски увоз на струја и недостиг на други домашни енергетски капацитети, недозволиво посегнала по максимално производство на струја преку водите на Охридското Езеро.
Охридското езеро е заштитено од УНЕСКО како светско природно богатство! Предупредуваме ЕЛЕМ веднаш да престане со какви било активности што ја нарушуваат еколошката средина на Охридското Езеро, затоа што за последиците и за злоупотребите ќе има одговорност!

Граѓаните знаат дека раководството на ЕЛЕМ поврзано со криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ деновиве несовесно зборува за инвестиции во домашни енергетски капацитети, само да го оттргне вниманието од овој скандал.

Криминалните власти во ЕЛЕМ и на државата ако сакаа имаа 10 години да ги реализираат овие најави, но тие злоупотребуваа пари на граѓаните за рајски градини и други апсурдни проекти. Поради тоа граѓаните зависат од скап увоз на струја и плаќаат скапи сметки.

Затоа тие избраа промени и затоа е итно потребна нова Влада којашто ќе го заштити Охридското езеро и ќе ги подигне сите вистински домашни енергетски компании, за да има домашна и поевтина струја за граѓаните и компаниите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ