СДСМ: Една година ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух во Скопје

Од:

За само една година ВМРО-ДПМНЕ направи катастрофа во Град Скопје.Јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба, а од неодамна Скопје повторно е еден од најзадените градови во светот велат од СДСМ.

– Една година ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за да го спречи загадувањето, иако во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овој проблем. Напротив, се што градската власт на ВМРО-ДПМНЕ прави во овие 14 месеци не е спречување туку поттикнување на загадувањето. За оваа година, за три пати беа намалени средствата за животна средина во градскиот буџет, а сериозно намалени беа и средствата за субвенционирање на купување инвертори. Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови. Центарот на Скопје но и многу урбани населби се преплавени со смет и ѓубре. Сето тоа е последица на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ каде ги интересираат рацете во медот, но не и интересите на граѓаните и Скопје. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалнци порачуваат преку соопштение од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација