СДСМ: Две години локална власт во Охрид, Пецаков и ДПМНЕ ги разочараа граѓаните

Од:

Локалната власт на ДПМНЕ во над 40 општини на половина од мандатот ги изневери очекувањата и ги разочара граѓаните.

Големо е разочарувањето на Охриѓани по 2 години локална власт на Пецаков и ДПМНЕ во Охрид.

Нема проекти, нема резултати, а ДПМНЕ и Пецаков создадоа поголеми сметки за охриѓани.

Поголема цена на паркинг, зголемени услуги на градски пазар за 35%. Зголемена е цената и на гробарината и на гробните места за 75%.

Наспроти ветувањата од ДПМНЕ и Пецаков, нема изградба на нова градинка ниту обнова на постоечките. Нема нова станица за отпад, нема нова катна гаража. Не е обновен плоштад Крушевска Република.

Нема нови 4 терени за баскет, нема нови спортски терени.Нема бесплатен превоз за пензионери ниту за лица со посебни потреби Нема набавка на специјален пловен објект наменет за чистење на Охридско езеро од отпадоци.

Пецаков и ДПМНЕ ги изневерија охриѓани. Охрид наместо да се развива, со Пецаков и ДПМНЕ назадува.

ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните на Охрид, соопстуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ