СДСМ: ДУИ ја усложнува и дополнително ја комплицира политичката криза во Македонија

Од:

„Со денешниот потег ДУИ ја усложнува и дополнително ја комплицира политичката криза во Република Македонија.

ДУИ еднострано напушта техничка влада, формирана согласно Договорот од Пржино, за спроведување на слободни, фер и демократски избори во Македонија.

Во периодот кога во рамки на проектот Вистината за Македонија беа објавувани докази и аргументи, за криминалот и курупцијата на коалициската влада, и кога стана јасно дека масовното незаконско прислушување на граѓаните се спроведувало во МВР, ДУИ ниту еднаш не повика на одговорност.

Ниту ДУИ го повика својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ на одговорност, ниту пак функционери од ДУИ, коишто учествувале или дозволиле масовна операција за наршување на приватноста на граѓаните, понесоа одговорност.

СДСМ остро го осудува објавувањето на снимки коишто задираат во приватноста на граѓаните и личниот живот.

Потсетуваме дека дел од незаконски прислушкуваните разговори беа доставени до СДСМ но, СДСМ ниту еднаш не дозволи да биде загрозена приватноста на граѓаните. Се она што беше објавено е во интерес на јавноста и соочување со криминалното владеење на владејачката коалиција.

Ги повикуваме сите оние коишто поседуваат материјали и снимки да ги достават до надлежните институции.

Воедно, бараме сите надлежни институции да спроведат темелна истрага за објавените снимки“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски