СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Од:

Предавниците од ДПМНЕ-ЗНАМ денеска го изгласаа предавството на Македонија, ја изгласаа предавничката Резолуција што сами си ја донесоа во Собранието. Денешниот 17-ти декември 2025 година ќе остане запаметен како ден на којшто ДПМНЕ и ЗНАМ го заверија предавство на Македонија, велат од СДСМ.

„Без Христијан Мицкоски кој ги остави сами. Побегна дури до Брисел, остави други да го изгласаат неговото предавство на Македонија! Прашањето е дали сите пратеници на ДПМНЕ-ЗНАМ добија по 1,2 милиони евра, дали добија по 5,3 милиони евра, дали добија по 9 милиони евра за оваа срамна одлука – за ова предавство? Колку пари земавте за предавството на Македонија?

Дали на сите ви поделија тендери? Колкав е вашиот дел од 6 милијарди евра кредит? СДСМ нема да биде нем посматрач на ова национално предавство, мигранти за пари. Заедно со граѓаните, ќе ги искористиме сите демократски механизми за да се спротивставиме на ова национално и државно предавство. Ги повикуваме сите опозициски партии, здруженија, невладини организации да ни се приклучат во фронтот против криминалната власт. Ги повикуваме и искрените и чесни членови на ДПМНЕ кои ја сакаат Македонија и знаат дека ова што го прави нивното раководство е за пари да се приклучат. За Македонија се работи! Борбата започна! А за предавство се знае што следува, нагласуваат од партијата.

Ќе одговараат!

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Бендевска: Црвениот аларм е вклучен – потребни се итни мерки против семејното насилство

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ