СДСМ: ДПМНЕ се уплашени од кандидатурата на Пендаровски

Од:

ДПМНЕ се уплашени од кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата затоа што знаат дека Пендаровски е победнички кандидат кој ја ужива довербата меѓу граѓаните и е фаворит на изборите велат од СДСМ.

– Бидејќи ДПМНЕ нама што да каже за нивната понуда пред граѓаните, немаат идеја ниту план, фокусирани се на малограѓанско политиканство. Угледот и кредибилитетот на претседателот Пендаровски се преголем залак за уличниот жаргон и празните плукачки флоскули кои излегуваат од Белата палата на ДПМНЕ. Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Тоа е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски