СДСМ: Достигнувањата на општина Струмица се јасни и евидентни

Од:

Социјалдемократскиот Сојуз би бил најсреќен ако Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ приближно се доближат до резултатите што Заев ги има постигнато на ниво на Општина Струмица. Не би сакале да се замараме со луѓе кои што очигледно не можат да го испорачаат она што им го имаат ветено на граѓаните, а нивните достигнувања се повеќе од очајни во период од 7 години.

Вака реагира СДСМ на неколкудневните напади на претседателот на партијата и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, а во врска со холандската инвестиција во општината.

-ВМРО-ДПМНЕ очигледно се обидува со т.н. спинови да ја дефокусира јавноста од клучните проблеми во државава. Пак ќе повторам, достигнувањата на Општина Струмица под водство на Претседателот Заев се повеќе од јасни и евидентни. Дајте ни било кој друг пример на општина во Р.М кој има кредитен рејтинг. Единствено Општина Струмица има кредитен рејтинг. За што впрочем разговараме, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус