А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Договорот од Преспа овозможи државата да чекори напред, ВМРО –ДПМНЕ сакаат негово укинување и затоа ќе загубат на 12 април

by А1он04/02/2020 - 08:55140
Share0

„Разочарувачки е ставот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ околу Договорот од Преспа и враќање на нашата земја во време на неизвесност за нашата држава, а со тоа и неизвесност на иднината и просперитетот на младите.

Добивај вести на вибер

Игнорирањето на пораките на сите наши стратешки партнери од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека Договорот од Преспа го откочи патот за Северна Македонија да стане НАТО сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ продолжува.

А токму, договорот од Преспа не е само решение на децениски проблем туку е и наше членство во НАТО, коешто на нашата држава и обезбедува повисок економски раст, повеќе инвестиции, подобро платени работни места, нови можности и перспективи за младите и најважно заштитен македонски идентитет“, велат од СДСМ.

„Укинувањето на Договорот од Преспа кој го заговара ВМРО-ДПМНЕ, значи укинување на нашите ЕУ перспективи, значи губење на надежта кај многу млади, значи уште поголемо иселување и разделени семејства, но и загрозување на иднината на новите генерации.

На младите во нашата земја доста им е од неизвесност и политичари без јасна визија.

Нема повторно враќање назад во време на неизвесност и изолација.

Младите чекорат напред и затоа на 12 април ќе изберат да ги казнат политичарите кои заговараат укинување и блокирање на европските перспективи. Младите ќе изберат иднина, ќе изберат прав пат и ќе порачаат режим никогаш повеќе!“, соопштуваат од СДСМ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 13:35

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:25

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски07/03/2026 - 14:3207/03/2026 - 14:38

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен