СДСМ: Додека сите се борат против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ се бори против здравствениот систем

Од:

„Додека сите институции, здравствени работници, државни службеници, вработени во полицијата и војската, сите се борат против коронавирусот, само ВМРО-ДПМНЕ стои отстрана и тера политикантство и популизам.

Деструктивноста, лажните вести што секојдневно се пласираат од белиот дворец се опасни по здравјето на граѓаните.

Во ова време кога целиот свет се справува со заканите од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ на дело го покажува сето свое лицемерие.

Последен доказ за тоа се неоснованите напади од страна на Игор Николов“, велат од СДСМ

„Колку Игор Николов е загрижен за здравството најдобро покажува тоа што тој ја напуштил позицијата во Клиниката за нефрологија и станал економски промотор во Франција без никакво искуство во областа на економијата и маркетингот.

Зошто Игор Николов по само неколку месеци ангажман како раководител на Одделот за трансплатација на Клиниката за нефрологија, наместо да му помага на јавното здравство, ја напуштил оваа функција за да со целото свое семејство замине за Париз

Колкава количина на заштитна опрема можеле да се набават со парите кои се потрошиле за Николов и за престојот на целото негово семејство во Париз? Колку и какви инвестиции донесе Николов додека се шетал по Франција пратен од неговиот шеф Никола Груевски?

Таквото несериозно, лицемерно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ го ценат граѓаните, кои многу добро знаат кој работи за заштита на нивното здравје, а кој очајно се обидува да профитира во време на сериозна здравствена состојба“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници