А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Додека цела ЕУ има јасна стратегија на затворање на сите електрани на јаглен, Мицкоски нуди отворање на нова во земјава

by А1он28/02/2020 - 14:39225
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ за 11 години на власт направија бројни катастрофални и апсурдни проекти кои сведочат за нивното криминално владеење.

Следете a1on на Instagram Instagram

Такво сведоштво е и фасадата од 11 милиони евра на МЕПСО, која на еден поголем налет на ветер се сруши и беше потенцијален ризик по животот на граѓаните.

Барокот , спомениците, рајските градини се проектите кои ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ за време на 11 години на власт,истовремено безмилосно расфрлајќи се со парите на граѓаните.

Поскапување на струјата за 100%, укинување на евтината тарифа и увоз на струја на вртоглави 38%“, велат од СДСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Тоа се проектите на ВМРО-ДПМНЕ кои ги реализираше за времето на владеење. Затоа денес не се чудиме ниту на апсурдните проекти кои им ги нудат на граѓаните, а се во насока на предизборни ветувања.

Апсурдот на ВМРО-ДПМНЕ оди дотаму што додека цела ЕУ има јасна стратегија на затворање на сите електрани на јаглен и за 30 години целосно да биде укинато, Христијан Мицковски предлага отворање на нова термоцентрала.

Додека земјата се гасифицира и додека одиме на соларни панели, Мицкоски сака да ја враќа земјата назад во енергетска опасност.

Апсурдот на ВМРО-ДПМНЕ се огледа и во тоа што предлагаат гасификација на Клинички центар, а изгледа забораваат дека таа е завршена и Клинички е гасифициран.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја модернизирале РЕК Битола?

Токму состојбата во РЕК Битола во 2017 беше катастрофална, а еколошките процеси очајни. Денес, постапката за новите филтри во РЕК Битола е готова и за прв по после 40 години од монтирањето филтри, РЕК Битола ќе има нови.

Ќе се направи темелна реконструкција на трите филтри и замена на вентилаторите. Тоа значи дека за прв пат по инсталирањето на филтрите во 80те години, во 2020 година оваа година наесен ќе се врши целосна реконструкција на електростатскиот филтер на овој блок, 2021 и 2022 на другите два блока и од 2023 до 2025 ќе се заврши и втората фаза десулфуризацијата. При тоа , обезбедени се 32 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ само потврдуваат дека кај нив ништо не се сменило,на граѓаните им нудат проекти кои се опасни за животната средина.

Граѓаните добро нека ги запаметат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и најлошиот директор на ЕЛЕМ Мицкоски кој е нагазна мина од која последиците накрај ќе ги трпат токму граѓаните.

Деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да се вратат, земјата мора да оди напред.

Затоа на 12 април сите заедно ќе порачаме режим никогаш повеќе!“, соопштуваат од СДСМ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Опозицијата тврди: Наместо економски напредок, Македонија се соочува со стагнација

Горан Наумовски10/07/2026 - 11:16

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

Катерина Ѓуровски09/07/2026 - 14:40

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

Горан Наумовски08/07/2026 - 12:54

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик

Горан Наумовски08/07/2026 - 08:54

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски не се откажува од изборен грабеж, гласањето по пошта е само новиот обид за манипулација

Горан Наумовски06/07/2026 - 12:55

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Законот за македонскиот јазик две години не се спроведува, по иницијатива на СДСМ конечно започна надзорна расправа

Горан Наумовски06/07/2026 - 12:1706/07/2026 - 12:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто