СДСМ: Додека цел демократски свет го препознава успехот, ВМРО-ДПМНЕ останува осамена во деструктивното и антидржавно однесување

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја промаши адресата. Вистинската адреса за извор на лажни вести е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и најнеуспешен министер за надворешни работи кој бесрамно шири лажни вести кои се официјално демантирани, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ свесно работеше протви интеграција и ја оддалечуваше државата од ЕУ и НАТО, а денес како опозиција се единствените противници на успехот и напредокот во евроинтеграциите. Членството во НАТО е извесно, а Република Северна Македонија ќе започне да преговара со ЕУ годинава.

Покрај заклучоците на Советот на министри и најпозитивниот Извештај на Европската комисија, денешна изјава на германската канцеларка Ангела Меркел, во која јасно посочува ќе стори сѐ за да се одреди датум за почнување на преговорите со Северна Македонија за влез во ЕУ до октомври, е последната потврда за успешноста на реформите и постигнатиот напредок.

Секоја одговорна политичка партија која и мисли добро на својата татковина и на граѓаните би го честитала напредокот на државата и остварувањето на еден од врвните стратешки и национални интереси – членството во НАТО.

Но, тоа не е случај со ВМРО-ДПМНЕ која предводена од Христијан Мицкоски останува заглавена во матрицата на деструкцијата и антидржавно однесување, останува осамена против напредокот и интеграцијата во ЕУ и НАТО.“, се вели во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски