СДСМ: Дијагноза има, болеста на здравството е Никола Груевски

Од:

„Никола Груевски го најавува Клиничкиот центар во Скопје од 2010 година. Ова е една од лагите на Груевски. Денес е 2016 година, нов Клинички центар во Скопје нема.

Груевски ја најавува Клиничката болница во Штип од 2006 година. Ја најавува пред секои избори: 2008, 2011, 2013, 2014, 2015. Денес е 2016 година, нова Клиничка болница во Штип нема.

За ПЕТ Центарот за рано дијагностицирање малигни заболувања Груевски зборува од 2011 година. Денес е 18 јануари 2016 година. ПЕТ центар нема. Има надградени и проширени тендери за ПЕТ центарот.

Најавените 4 милиони евра во 2013 година, пораснаа на над 6 милиони евра во 2014 година. На крајот од 2015 година сумата што ја соопшти лично Груевски е 16 милиони евра!

Според последните извештаи на Фондот за здравство, на крајот на јуни 2015 година, само долговите на јавните здравствени установи се над 51 милион евра!

Груевски и партнерот Тодоров не ги интересират интересите на граѓаните туку само тендери.

Груевски и Тодоров набавуваат медицинска опрема, којашто не им служи на граѓаните туку на тендерските апетити на фамилијата.

Увидот на Ревизорот, констатиран во послендиот ревизорски извештај, покажува дека:

-Се набавува медицинска опрема што отстапува од потребите наведени во тендерите
-Власта доцни со плаќање на опремата за што граѓаните плаќаат и дебели камати
-За набавена милионска опрема нема просторни услови, ниту обучени кадри
-На опремата што стои неискористена во кутии и поминуваат гарантните рокови

Со тоа виртуелните инвестиции на Груевски во здравството се реални инвестиции во џебовите фамилијата.

Болеста на здравството е Никола Груевски. Лекот за здравството е заминувањето на Никола Груевски“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните