СДСМ: Денеска ќе ги поднесеме првите законски решенија од пакетот мерки за спас на животниот стандард на граѓаните

Од:

Денеска во македонското Собрание СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот економски мерки за спас на економијата и животниот стандард на граѓаните.

„За само 8 месеци неспособноста на власта драматично ја влоши економската состојба во државата. Животниот стандард опаѓа, цените на храната пораснаа за 20%, трошоците за живот за 4,9%, сметките за струја се зголемени за 30%, поскапи и парното за 5% а платите стагнираат. Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и едвај врзуваат крај со крај борејќи се огромната скапотија.

И останатите економски параметри се влошени, индустриското производство е намалено за 1,4%, извозот е намален за 5,9% а странските инвестиции веќе се повлекуваат од земјава. Неспособноста на Владата на Мицкоски ја води земјата во економска криза, додека граѓаните се оставени без никаква помош. Политиките на кошнички доживеаја тотален дебакл а власта нема одговор на растечката скапотија и сирoмаштија.

СДСМ има 7 мерки, пакет решенија за спас на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните кои вклучуваат: намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%, укинување на ДДВ за храна на 0%, замрзнување на цените на основните производи, фиксирање на маржите, зголемување на платите во приватниот сектор и спроведување на законот за нефер трговски практики. Ги повикуваме сите пратеници во Собранието да ги поддржат овие мерки и да застанат во заштита на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО