СДСМ: Денешниот собир пред судот докажа, понудата на ВМРО-ДПМНЕ е обнова на режимот и одбрана на криминалците

Од:

„Денешниот собир на видни партиски членови, активисти и пратенички од ВМРО-ДПМНЕ пред судот за поддршка за обвинетите во предметот „ТНТ“ е последниот доказ дека ништо не се менува во опозициската партија.

Членови на ВМРО-ДПМНЕ бранат лица обвинети дека нелегално рушеле објекти само заради одмазда.

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бранат криминалци, продолжуваат да работат против правдата“, велат од СДСМ.

„Нивната единствена понуда е обнова на режимот и одбрана на криминалот.

ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во режимската матрица на криминал, закани, притисоци. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кое 11 години газеше врз граѓаните, бизнисмените, новинарите и сите кои не играа по нотите на Никола Груевски.

Со таква понуда можат да очекуваат само пораз на изборите на 12 април. На предвремените избори граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат, ќе ја поразат криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ и силно ќе порачаат Режим – никогаш повеќе!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати