СДСМ Дебрца: Трајкоски нема што повеќе да ветува, во мај живот доаѓа и во Дебрца

Од:

„Вчерашната прес конференција и наводниот Отчет на Градоначалникот на општина Дебрца, Трајкоски претставува само продолжение на четиригодишното замајување на граѓаните на Дебрца, со тавтолошко набројување на истите проекти. Добар дел и од тие проекти кои беа наброени, не се ниту завршени, ниту се ставени во функција.

Од друга страна, Отчетот на Трајкоски е празен, бидејќи во него ги нема приоритетните проекти, кои беа ветени во неговата изборна програма, со кои ја доби довербата на граѓаните на Дебрца, а не успеа да ги исполни ниту по четиригодишното практикување на локалната власт.

Во Отчетот не видовме каде е ветената индустриска зона во Мешеишта, во која за почетокот на 2015 година требаше да пристигнат првите инвеститори, го нема рудникот за манган Стогово. во кој нели требаше да се реализираат 200 вработувања, ги нема винариите во Мешеишта, ја нема турската инвестиција во фабрика за моторни масла, го нема Слатинското Езеро и распукнатата брана, а кое требаше да прерасне во туристичка атракција за рурален туризам, ги нема ветените откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи, го нема домот за стари лица во Сливовски Анови и многу други, ветени, а неисполнети проекти.

Во Отчетот не видовме како Градоначалникот и советничката група на ДПМНЕ успеаа во еколошки најчистата општина, покрај реката Сатеска да се дозволи изградба на бетонска и асфалтна база и како успеа општината да ја претвори во најзатворена и заробена институција, во која граѓаните имаа отежнат пристап до општинските услуги и истите ги добиваа на неквалитетен и неекономичен начин.
Исто така, во Отчетот Трајкоски не кажа со колкав износ успеа да ја задолжи општината.

Граѓаните на Дебрца со право бараат одговор на овие и други прашања од животно и егзистенцијално значење, кои ги тангираат нивните интереси.

Затоа, Трајкоски нема што повеќе да ветува за 2017 година. Неговото време заврши .

Во мај животот доаѓа и во Дебрца. Ќе се избориме за една понадежна и подобра Дебрца, за општина, креирана од самите граѓани. Ќе изградиме општински институции блиски и по мерка на граѓанинот, каде општинските услуги ќе може да се добијат брзо, квалитетно и евтино.

Општина Дебрца ќе ја направиме Дом на сите граѓани.“ стои во соопштението на ОО СДСМ Дебрца.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски