СДСМ: Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и нарко босовите?

Од:

Наместо веднаш да ја повлече скандалозната одлука за помилување на осудени криминалци и нарко босови, Силјановска Давкова без трепнување се обиде да ги измами граѓаните. Таа има дрскост да тврди дека „не знаела“ за криминалните досиеја на „интересни ликови“, префрлајќи ја одговорноста на Комисијата за помилување. Ова не е ништо друго освен класична манипулација и потценување на интелигенцијата на граѓаните, вклучително и на оние што гласаа за неа, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Но вистината е јасна – последниот збор за помилувањата го има Силјановска. Комисијата дава само мислење, а одлуката е исклучиво нејзина. Ова го потврди и член на Комисијата, кој недвосмислено ја лоцира одговорноста кај претседателката. Во овој огромен скандал, клучна е и улогата на Министерството за правда. Министерот за правда од движењето ЗНАМ мора да одговори на едно јасно прашање: Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и нарко босовите? Министерот за правда должи одговор пред граѓаните – зошто молчи, додека скандалот се разгорува? Дали тој лично се согласил со ослободувањето на луѓе кои ја загрозуваат безбедноста на Македонија Бараме од Кабинетот на Претседателката веднаш јавно да го објави мислењето на Министерството за правда, заради транспарентноста која толку многу ја ветуваа. Јавноста има право да знае дали има криминален дил на највисоките нивоа на власта. Овие помилувања го разоткрија тесниот сојуз меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и подземјето. Силјановска нема срам што криминалците ѝ се заблагодаруваат јавно, затоа што ова е само исплата на долгови што власта ги има кон нив. Со злоупотреба на функцијата на претседателката, оваа влада на ДПМНЕ ги става интересите на криминалците пред интересите на граѓаните, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

А1он