А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Цветков потврди дека Владата нема изготвено план за откуп на вишокот произведен тутун

by А1он16/12/2014 - 15:3969
Share0

Министерот за земјоделство Михаил Цветков денеска потврди дека Владата на ВМРО ДПМНЕ, нема изготвено план за откуп на вишокот произведен тутун.

Добивај вести на вибер

Власта на ВМРО-ДПМНЕ не е способна да најде начин вишокот на тутун да биде откупен и тоа во законскиот рок до 15 Март, со што и за тој тутун би следувало субвенција од 60 денари за килограм.

Тутунопроизводителите не се виновни за тоа што оваа година имаат произведено околу 5 милиони килограм вишок тутун. Власта на ВМРО ДПМНЕ тоа претходно им го дозволи и затоа тој проблем треба власта и да го реши.

Населението во прилепскиот регион одгледува тутун поради огромната сиромаштија што им ја наметна Владата на ВМРО ДПМНЕ со погрешните политики, а особено поради фактот што во овој регион нема ниту една ново отворена фабрика, во којашто прилепчани ќе ја остварат својата егзистенција.

Покрај високите цени за енергија, храна, вода, даноци, минерални ѓубрива, репроматеријали, оваа година килограм тутун се откупува за 100 денари. Ако оваа цена на килограм тутун, ја споредиме со животниот стандард од пред 8 години, произлегува дека сега тутунот се откупува по мизерни 40-50 денари за килограм.

СДСМ бара Владата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да гради Панорамско тркало во Скопје, тие средства да ги насочи за зголемување на субвенцијата од 60 денари за килограм, на 80-90 денари. Со тоа во голема мера ќе се ублажи и онака катастрофалната ситуација, во којашто се наоѓаат тутунопроизводителите, велат од СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Катерина Ѓуровски02/04/2026 - 11:50

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Горан Наумовски01/04/2026 - 10:48

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Горан Наумовски30/03/2026 - 12:46

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Горан Наумовски30/03/2026 - 11:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто