СДСМ: Членство во ЕУ за подобар животен стандард, наместо изолација

Од:

Македонската иднина е европска и никако поинаку, членство во ЕУ е единствена алтернатива, за државата, за подобар животен стандард на граѓаните, за подобри можности за младите.

СДСМ за само неколку години успеа минималната плата да ја зголеми од 8.000 денари на 21.000 денари, а просечната плата на 36.000 денари. Со членството во ЕУ платите ќе бидат драстично поголеми. Државите коишто се зачлениле во Унијата, во првите 5 години имаат и до 100-проценти зголемување на платите на нивните работници.

СДСМ успеа да обезбеди рекорден прилив на директни странски инвестиции од 753 милиони евра за една година, тие со членство во ЕУ ќе бидат уште поголеми.

За земјоделците и за компаниите се отвора пазар до 500 милиони жители и пристап до различни и огромни фондови за финансиска поддршка, кои ќе бидат 11 пати поголеми од сегашната поддршка од ЕУ.

Сега е време за одлука, членство во ЕУ наместо изолација. Не смееме да ја пропуштиме историската шанса којашто е пред нас.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

ЕУ со најголема побарувачка за кадар во продажба, маркетинг и производство

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски