СДСМ: Цел менаџмент на МРТВ во скандалот со архивите на националниот сервис, на услуга на Груевски?!

Од:

Трет ден молчат директорите на МРТВ Марјан Цветковски и Захарие Вулгаракис за изнесувањето и злоупотребите на видео архиви на Македонската телевизија за што одлучија да проговорат нивни соработници.

Дали со одлука на директорите Цветковски и Вулгаракис, главниот и одговорен уредник на Првиот програмски сервис на МТВ, Диме Ратајковски дава архивски материјали на приватни продукции блиски до власта, кои добиваат до 100.000 евра по проект од Владата?

Дали тие пари потоа ги делат менаџментот на МТВ и продукциите блиски до власта што ги добиваат проектите, со што Груевски и Владата корумпираат директори и уредници на МТВ, за да известуваат во нивни интереси, а воедно и се богатат на грбот на вработените и граѓаните на Македонија?

Според добро упатени извори, посебно изминативе неколку години, на хард дискови се префрлува и изнесува речиси целата видео архива на МТВ, што е национално богатство!

Ако само кон Ратајковски како дел од еден проект, власта префрлува над 30.000 евра, со колку пари се платени Цветковски и Вулгаракис за МТВ да биде партиско гласило на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ?

Според информациите што ги имаме, Ратајковски во улога на сценарист и Перо Попов исто така од МТВ, чиј најголем дострел му е режија на Фолк фест Валандово, уште лани снимале во Преспа, со ресурси од МТВ. Годинава Агенцијата за филм им префрлува над 30.000 евра, за документарен филм, Боите на Преспа – Птици, преку сметка на приватна продукција.

Веќе објавивме дека ова е само еден од проектите за коишто имаме информации дека добиле пари од Владата, а за коишто се користени видео материјали, кадар, техника од МТВ.

Ова покажува како власта на Никола Груевски ги контролира првите луѓе во националниот сервис МТВ, должен објективно и професионално да ги информира граѓаните кои плаќаат радиодифузна такса.

Ова, исто така упатува на спрега на раководството на МРТВ со власта на Груевски за противзаконски криминални цели.

Пандорината кутија е отворена.

По смената на власта, МТВ ќе биде професионален медиум, вработените ќе бидат заштитени од притисоци, а соработниците на режимот за сите злоупотреби ќе одговараат, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, животниот стандард е влошен

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ