СДСМ: Богов знае, тој е следен

Од:

„Министерот за финансии Кирил Миноски замолча по јавното признание на гувернерот Димитар Богов дека јавниот долг во моментов изнесува над 50% од БДП%.

Миноски манипулираше дека е намален јавниот долг.

Информацијата дека со еврообврзницата од 450 милиони евра власта ја задолжи државата со историски највисок јавен долг, на граѓаните им ја соопшти СДСМ.

Богов немаше каде, мораше да признае.

Тој веќе се вовлече заедно со Миноски во незаконското издавање на еврообврзницата со неговото присуство на конференциската врска на којашто се договараше незаконската еврообрзница и сфаќа.

Има информации за негова вмешаност во тендерот со барокната зграда на НБРМ.

Вмешан е и во сомнителната продажба на Алфа банка.

Додека неговиот колега Миноски ги лаже граѓаните за висината на домашното задолжување кое не е 0 туку над 72 милијарди денари, а воедно ја истурка и нарачката на Груевски за незаконската еврообврзница.

Против Миноски веќе е поднесена кривична пријава. Богов е знае тој е следен“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски