СДСМ Битола: Втор месец учениците немаат автобуски превоз

Од:

„До кога битолските ученици ќе чекаат градоначалникот Коњановски да им обезбеди превоз до училиштата? И првата недела од октомври помина, а проблемот сѐ уште не е решен. 240 денари од Демир Хисар, 260 денари од Добрушево, 400 денари од Ресен. По толку треба да одвојат секој ден учениците од овие места за да дојдат на училиште во Битола“, рече Весна Баковска, претседател на комисија за образование на СДСМ Битола.

„Ниту едно семејство не може да ги издржи овие трошоци, а градоначалникот кој требаше досега да ја заврши постапката за избор на превозници “мува не го лази”. Наместо да го реши проблемот на децата, тој се развозува со авион до Брисел и назад, заедно со уште 8 службеници и функционери од општината. Битолчани платија за авионски карти и дневници на деветмина буџетари, ама пари за учениците нема.

Основното и средното училиште се задолжителни по закон, градоначалниче Коњановски. Општината, односно Вие, имате обврска да обезбедите превоз за учениците од околните места кои доаѓаат на настава во Битола. Вашата неспособност секојдневно ги изложува на трошоци семејствата на сите ученици за кои Битола требаше да биде регионален образовен центар. Учениците почнаа или да не одат на настава или со автостоп да доаѓаат и заминуваат од Битола.

За волја на вистината, ДПМНЕ е познато по аферите со ученичкиот превоз. Битолчани добро ги паметат случаите Транспортер 1 и 2. Коњановски беше советник кога образованието во Битола се пустошеше. Сега, како градоначалник, веројатно ја продолжува погубната традиција“, изјави Весна Баковска, претседател на комисија за образование на СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он