СДСМ Битола: Топланата уште едно лажно ветување на ДПМНЕ

Од:

„На секој почеток на грејната сезона, битолчани се сеќаваат на ветувањата од актуелната власт за изградба на топлана и топловод во Битола“, вели Оливер Николовски од СДСМ на прес конференција.

„Пред осум години Талески, Коњановски и ДПМНЕ, во низа наврати го презентираа и го најавуваа капиталниот проект за топлинска иднина на Битола, со изградба на три нови топлани и топловод, на кој ќе се приклучат колективни згради и индивидуални објекти“, додава Николовски.

Талески и ДПМНЕ да дадат отчет на граѓаните :

  • Зошто и после осум години власт,  од топланата нема ни траг ни глас ?
  • Зошто битолските пратеници од ДПМНЕ, Кузмановска и Џолонга, гласаа против барањето на СДСМ, да се издвојат три милиони евра од буџетот на Р.Македонија, за реализација на овој проект?
  • Koj ќе ја понесе одговорноста, за потрошените финасиски средства, за кои доколку постоеше вистински и реален концепт, требаа да им донесат подобро утре на граѓаните на Битола?
  • Како ќе се оправдате пред битолчани, кои покрај сите поскапувања на храната и водата, струјата, нафтата и нафтените деривати, ќе мораат и оваа зима да се греат на крајно скап начин?
  • Но очигледно е,  дека Талески и ДПМНЕ немаат капацитет , ниту пак мандат за реализација на овој проект.
  • Ова е само уште едно, во низата лажни ветувања на Талески и ДПМНЕ, прашува Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он