(ВИДЕО) СДСМ Битола: Народот го виде вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ веќе подолг период предупредува дека состојбите во нашиот најголем електроенергетски комбинат РЕК Битола се алармантни и крајно неповолни.

„Главниот транспортен систем кој премиерот Груевски помпезно го пушти во работа минатото лето, никако да проработи. Едноставно, инвестицијата од над 20 милиони евра нема ни остварување од 10% на работниот план во изминатите 7 месеци.

– Резервите на јаглен се на многу ниско ниво и само благодарение на поволните климатски прилики сеуште е запазен процесот на производство на термоелектраната.

– повторно се чести испадите на поединечните блокови на термоелектраната и покрај скапите инвестиции во нивната модернизација.

Само во последните 10 дена се случија два испади од електроенергетскиот систем.

– Несоодветните партиски вработувања веќе подолг период се правило, а не исклучок, со што на комбинатот му се нанесува огромна штета.

Токму заради овие причини во РЕК Битола врие како во котел, а кулминација претставуваше вчерашното суспендирање на директорот и техничкиот директор на работната единица Рудници. Посочените се товарат за низа неправилности во работењето и против нив во тек е постапка за можни злоупотреби на службената должност и овластувања.

– Самиот факт што не се работи за нормална смена туку за суспензија доволно зборува за сериозноста на ситуацијата. Сепак, не би не зачудило и ова да е само дел од привидот кој сака да го остави ВМРО-ДПМНЕ дека неселективно се бори против организираниот криминал. Впрочем, македонската јавност сеуште добро се сеќава дека досега беа иницирани десетина кривични пријави поврзани со работењето на РЕК Битола, но ниту една од нив не заврши со правосилна пресуда.

– Токму затоа за СДСМ овие постапки се само фарса и одвлекување на вниманието на јавноста од вистинскиот криминал, сиромаштијата и газењето на демократијата. Нашата порака е јасна и недвосмислена, народот го виде вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и ќе им ја испорача казната на предвремените парламентарни избори, вели Миле Јончевски.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ