СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави

Од:

Со месеци на партиски пресови од белиот дворец ДПМНЕ тврдеше дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи. Наместо решение, министерот на ДПМНЕ во техничката Влада направи дополнителен хаос, се обиде да создаде паника кај граѓаните со најави за казни и го комплицираше процесот за издавање пасоши велат од СДСМ во реакцијата за кривичната пријава од ВМРО-ДПМНЕ за Оливер Спасовски.

– Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ го укина вадењето пасош без закажување. Тоа негативно влијае затоа што го намалува бројот на граѓаните кои можат да се сликаат а од друга страна драстично го пролонгира процесот. Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да добијат нов пасош а го доведува во прашање и законскиот рок за издавање пасош. Решенијата за возачките и сообраќаните по предлог на СДСМ, но МВР задоцни со реализацијата. Бидејќи се покажа дека ДПМНЕ не може да испорача решение туку само ги компликува работите со личните документи денеска поднесува политички мотивирани кривични пријави. Ова нема врска ниту со правото, ниту со процесот ниту со интересот на граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски