СДСМ: Арсовска ги лаже граѓаните, кога може да лаже за бугарско државјанство, лаже и за други нешта

Од:

Данела Арсовска ги лаже граѓаните. Нејзиниот обид да креира лажна слика околу себе пропадна. Не е важно како Данела, кандидатката на Груевски се чувствува, Северна Македонија е татковина за сите. Ваквиот неискрениот и нечесен пристап на Данела Арсовска кон граѓаните е проблем pora;uvaat od SDSM.

-Ако Данела лаже и го крие нејзиното бугарско државјанство, не може ниту да се замисли што се друго крие и лаже. Вчера граѓаните сведочеа на нови докази поврзани со овој скандал, со овој сплет на лаги на Арсовска. Не само Арсовска, туку целото нејзино семејство поседува бугарско државјанство. И нејзиниот сопруг, Ангел Арсовски има Удостоверение издадено во 2010 година, но и бугарска лична карта како и Данела. Валидноста на објавените документи лесно се потврдува преку официјалната интернет страница на Министерство за внатрешни работи на Република Бугарија. Данела Арсовска со лаги ја започна кандидатурата, со лаги тераше кампања, со лаги ја завршува. Се обиде да ги излаже скопјани со наводна независност, кога сите имаа можност да видат дека целото режимско ВМРО-ДПМНЕ стои зад неа. Лагите кои ги пласираше пред граѓаните кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ отвораат многу сериозни прашања. Очигледно е дека Арсовска е зависна од други држави, за мотиви и намери кои таа лично треба да им ги соопшти на граѓаните се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му