СДСМ: Ајде Мицкоски, повикај ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ за автентично толкување

Од:

„Зошто Христијан Мицкоски тактизира, врти од околу, не кажува јасен став и не ги повикува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Барањето поднесено од пратеници на СДСМ за автентично толкување?

Со автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, се спречуваат обидите да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов.

СДСМ се бори за правда, за одговорност за сите коишто се огрешиле и амнестии нема да дозволи да се случат.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ брани криминал.

Мицкоски да излезе пред јавноста и да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за автентичното толкување.

Без разлика дали тоа им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и институциите нема да им дозволат попречување на правдата и опструкции на правниот систем“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста