СДСМ: Ајде Мицкоски не врти од околу, повикај ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за автентичното толкување

Од:

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ втор ден не се изјаснуваат дали ќе го поддржат Барањето поднесено од СДСМ за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, за да се спречат најавите да се врати незаконската аболиција на Иванов.

Молкот на ВМРО-ДПМНЕ гласно зборува дека Мицкоски продолжува единствено да се грижи за одбрана на криминалот.

Наместо да врти од околу Мицкоски да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за автентичното толкување.

Повеќе од очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад иницијативата пред Уставниот суд која има за цел да ја оживее аболицијата на Ѓорге Иванов против која застанаа сите слободоумни граѓани и сите политички субјекти освен криминалната ВМРО-ДПМНЕ.

Без разлика дали тоа им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и институциите нема да им дозволат попречување на правдата и опструкции на правниот систем“, се вели во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус