СДСМ: АХВ го потврди скандалот, не се испитува присуство на ГМО во храната

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство го потврди огромниот скандал што го обелодени СДСМ.

Самата Агенција потврди дека не вршеле контрола на храната во 2015 година.

Во 2014 и 2015 година во Македонија не се испитува присуство на Генетски модифицирани организми во храната.

Ова е спротивно на Законот за безбедност на храната. Затоа што согласно член 55 од овој Закон забрането е производство, промет и увоз на храна и производи што содржат ГМО.

Дополнително, АХВ потврдија дека не ја спроведувале програмата на Владата за мониторинг на безбедноста на храната.

Зошто постојат мониторинг програми ако АХВ спроведува контрола на храна на друг начин?

Ако не треба да се вршат испитувања за ГМО, како што Агенцијата денеска фатена во скандал тврди, тогаш зошто во месец мај склучија договор со ветеринарен факултет за испитувања на Генетски модифицирани организми во храната?

Сериозна држава којашто се грижи за здравјето на граѓаните покрај гаранциите од сертификатите има и своја мониторинг програма со која ги проверува гаранциите од сертификат при увоз.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, кадар на ВРМО-ДПМНЕ, очигледно е загубен во просторот и времето. Можеби една од причините за тоа е што тој не е ветеринарен доктор.

Агенцијата за храна и ветеринарство во Македонија единствената ваква институција во светот којашто е раководена од несоодветен, нестручен кадар за ваква работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он