СДСМ: 36.000 членови досега го ажурирале своето членство

Од:

„СДСМ секојдневно расте, се менува, развива и модернизира, се дигитализира за уште подобро да им служи на граѓаните и на државата.

Процесот на ажурирање на членството на СДСМ се одвива со одлично темпо, членовите се силно мотивирани.

За три недели околу 36.000 членови направиле ажурирање на своите податоци го потврдиле членството во СДСМ, а процесот продолжува до 25 февруари“, велат СДСМ.

„Истовремено, голема е заинтересираноста на нови членови, на многу млади кои секојдневно се приклучуваат кон СДСМ, кон најсилната, најмодерната и најдинамичната партија.

Граѓаните препознаваат дека само со СДСМ може да продолжи напредокот, интеграцијата, да се обезбеди правда и развојот на нашата држава.

За СДСМ најважни се вредностите, визиите, политиките, кои значат напредок, еднаквост, социјална држава, ефикасно здравство, институции, повеќе пари кај граѓаните, повеќе инвестиции, капитални проекти, поголеми плати и пензии, повеќе мерки и пари за фирмите, поголеми шанси за младите и систем, ред, правда и поредок.

Нашата партија е креатор и гарант на концептот Едно општество за сите граѓани, затоа во СДСМ пристапуваат и Македонци и Албанци, но и Турци, Срби, Роми и Бошњаци.

СДСМ е единствената партија која има организирано политичко делување во сите општини низ државата. Во секоја општина направивме општинска организација.

СДСМ продолжува да работи уште поодговорно, посветено за интересите на граѓаните и државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“