СДСМ: 27 ми април е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, насилниците никогаш нема да бидат уставобранители

Од:

27 април е најцрниот датум во историјата на македонската демократија.Вооружени насилници, поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ извршија упад во Собранието, обидувајќи се да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, да го урнат уставниот поредок и државата да ја втурнат во провалија се вели во соопштенито од СДСМ на петгодишнината од случувањата во Паралментот на 27 април.

– Тие насилници беа поддржани со присуство пред Собранието и лично од страна на Христијан Мицкоски. 27 април е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија во која и после 5 години нема никаква промена. Мицкоски не е поместен ниту милиметар од режимската насилничка матрица на неговиот шеф и ментор Груевски. Пет години од 27 април, од денот кога Собранието беше претворено во крваво поле за одбрана на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, Мицкоски и неговата партија се уште стојат зад овие насилници. Едно е факт, насилниците никогаш нема да бидат уставобранители порачуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот