СДСМ: 100.000 евра чинат партиските и медиумски Договори на Орце Ѓорѓиевски

Од:

Советничката група на СДСМ во Кисела Вода реагира на скандалозното трошење пари на граѓаните за партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ, медиумски мегафони на опозицијата, роднини и пријатели на градоначалникот. Ова е недомаќинско и расипничко трошење на општинските пари и дејствување на штета на граѓаните рече на прес конференција советничката од СДСМ во Опшина Кисела Вода Емилија Трајковска.

– Не може да немаат пари за струја, за парно, за помош на граѓаните среде криза а немилосрдно да ги трошат парите на граѓаните за партиски вработувања и вдомувања на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на своите роднини и пријатели. Ѓорѓиевски одвојува шест милиони денари или околу 100.000 евра за згрижување на свои блиски луѓе. Затоа, како советничка група денеска на седницата на Советот, преку посебна точка на дневниот ред, ќе побараме овие пари да се пренаменат за справување со последиците од економската и енергетската криза вели Трајковска.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ