Денеска се одржа седница на Централниот одбор на СДММ, во проширен состав (во присуство на претседателите на Локални клубови на СДММ и секретари и членовите на Надзорниот одбор на СДММ), на која се донесоа следниве заклучоци за актуелната политичка состојба во Република Македонија:
1. Социјалдемократската младина на Македонија е сериозно загрижена по повод скандалот со прислушување на над 20 илјади граѓани на Република Македонија. Бараме одговорност од Никола Груевски и неговите најблиски соработници за сите докази за криминал кои постојат во самите снимки.
2. СДММ како и досега, целосно ги поддржува и се вклучува во спроведувањето на политиките и активностите на СДСМ, особено во проектите Вистината за Македонија и Работиме заедно.
3. И во наредниот период, СДММ останува на браникот на правата на младите во Република Македонија, на средношколците и студентите кои во изминатиот период покажаа највисок степен на граѓанска и демократска зрелост во борбата за спречување на погубниот закон за високо образование.
Младите социјалдемократи силно веруваат дека во Македонија може да се живее подобро. Во Македонија мора да се каже стоп на криминалот кој уништува човечки судбини и разорува животи, а оние кои го спроведуваат мора да понесат одговорност.