СДММ во Финска: Поддршка за Македонија да се врати на вистинскиот пат

Од:

Делегација на Социјалдемократската младина на Македонија предводена од претседателот Стефан Богоев е во неколку дневна работна посета на Финска, Хелсинки.

Преставниците на СДММ во Парламентот на Финска остварија средби со досегашни пратеници, како и со истакнатиот политичар – пратеник, Јоханес Коскинен.

S.Bogoev vo Parlament na Finska

„На средбите се дискутираше за начинот на функционирање на финскиот Парламент. Запрашани за актуелните политички случувања во Македонија, претседателот на СДММ, Богоев, се осврна на проектот Вистината за Македонија. Ги презентираше барањата на опозицијата што ќе овозможат департизација на општеството и решавање на кризата: Преодна Влада, нов Јавен обвинител и нов обвинител за организиран криминал, како и потребата од нов уредувачки тим во МРТВ.

SDMM 2

Пратеникот Коскинен, кој е информиран за случувањата во Македонија и ја посетил земјата во 2009 како набљудувач на претседателските избори од ОБСЕ/ОДИХР, изрази целосна поддршка за Македонија да се врати на вистинскиот пат. Пораките од Финска се дека државата, како земја членка на ЕУ, ќе се заложи за тоа“, соопштуваат од СДММ.

SDMM sredba so Kalevi Sorsa Fondacija

„Во посета на Централната банка на Финска претставниците на СДММ се сретнаа со гувернерот, Ерки Ликанен. Се разговараше за економските проблеми и предизвиците на европската економија.

S.Bogoev J.Koskinen

На средбата на младите од СДММ во фондацијата Калеви Сорса, директорот Мико Мајандер, истакна дека суштински за секоја демократија е да и се овозможи на опозицијата да  дејствува слободно.

SDMM vo Parlament na Finska

СДММ имаше работен состанок и со претседателството на Социјалдемократската младина на Финска. Се разменија искуства за водењето на политичка кампања, комуникацијата со граѓаните, улогата на социјалните мрежи и идните предизвици на социјалдемократијата, што е и цел на посетата на СДММ во Финска“, се вели во писменото соопштение на СДММ.

Би можело да ве интересира

Зечевиќ од Летниот камп на СДММ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Петковски: Заради ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје му се случува она што и се случи на салата „Расадник“

Ана Ололовска

СДММ: Хуманитарна акција, спортски турнир „Млади и солидарни“ за помош на млади и деца со посебни потреби

Ана Ололовска

СДММ ја поддржува иницијативата на студентите, Белиот дворец да стане студентски дом

ВИДЕО: Подарок шахта и тоалет од младите на СДСМ за Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Анчевска: Историски најниско ниво на невработеност од 15.9 % невработеноста кај младите намалена на 29%

Ана Ололовска