СДММ: ВМРО-ДПМНЕ е партија позната по ширењето говор на омраза, нивната загриженост е првоаприлска шега

Од:

Социјалдемократската младина одговори на прес-конференцијата на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија позната по ширењето на говор на омраза и дискриминација и оттаму, нивната наводна загриженост за збирката на млади поети е манипулација и првоаприлска шега.

Како што јавно соопшти и Агенцијата за млади и спорт, веќе се започнати конкретни чекори во лоцирање на одговорноста за пропустот со збирката од проектот „Млади поети“. Публикацијата е повлечена, а сите што учествувале во пропустот ќе се соочат со одговорност.

СДММ најостро ги осудува говорот на омраза и дискриминацијата коишто се во спротивност со човековите слободи и права и во спротивност со концептот на едно општество за сите во кое СДММ силно верува“ се вели во реакцијата на СДММ.

Би можело да ве интересира

Зечевиќ од Летниот камп на СДММ: Членството во ЕУ е клуч за подобра иднина, отвора врата на безброј можности за младите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Петковски: Заради ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје му се случува она што и се случи на салата „Расадник“

Ана Ололовска

СДММ: Хуманитарна акција, спортски турнир „Млади и солидарни“ за помош на млади и деца со посебни потреби

Ана Ололовска

СДММ ја поддржува иницијативата на студентите, Белиот дворец да стане студентски дом

ВИДЕО: Подарок шахта и тоалет од младите на СДСМ за Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Анчевска: Историски најниско ниво на невработеност од 15.9 % невработеноста кај младите намалена на 29%

Ана Ололовска